Зоран Арсовски со самостојна изложба во Белград

Од:

Академскиот сликар Зоран Арсовски – Бабата од Куманово е првиот македонски академски ликовен уметник кој ќе реализира своја самостојна изложба во престижната “Галерија – Белградска тврдина“ на Калемегдан во Белград.

Изложбата ќе биде отворена на 22 Август во 18.00 часот и ќе трае до 10 Септември 2019 година а влезот за посетителите ќе биде слободен. На изложбата ќе бидат претставени шеесетина дела работени во техниката акрил.

Изложбата го носи насловот „Тектонски пореметувања“ тема која е актуелна за денешното време.

Проектот е избран од страна на стручното уметничко жири на Националната Установа “Галерија – Белградска тврдина" на годишниот конкурс за 2019 година.

Би можело да ве интересира

„Пејзажи на совеста“ за врските меѓу материјалното, технолошкото, индустриското и културното загадување

Ана Ололовска

Во Ресен отворена меѓународна ликовна изложба „Мост“

Ана Ололовска

Патувачка изложба „Арт фем“ во Штип

Ана Ололовска

Изложба на фотографии со шпански мотиви во Гевгелија

Ана Ололовска

Mеѓународна ликовна изложба „Мост“ во Ресен

Ана Ололовска

Oтворена ликовната изложба на делата од деветтата ликовна колонија „Љубанци 2019“

Ана Ололовска