„Злосторникот“ на Даниел Петровски во рамки на фестивалот „Garavde Muja“

Од:

Театарската претстава „Злосторникот“ викендов беше поставена на отворено пред магацинот „Славија“ во општина Кисела Вода, во рамки на Меѓународниот театарски ромски фестивал „Garavde Muja“, кој во земјава се одржува 17 пат. Автор и режисер на претставата е Даниел Петровски.

Претставата беше изведена со почитување на сите протоколи за превенција и заштита од Ковид-19, а публиката го проследи настапот на театарската група „Романо Ило“. Костимографијата во претставата е од НУ „Вардар Филм“.

Делото ја раскажува приказната на Ромите за време на Втората светска војна и идеологијата на нацистите претставена од Адолф Хитлер и неговите војници, а особено од водачот Хајнрих Химлер.

– Идејата на оваа претстава беше да се искористи театарската уметност, да се прикаже ситуацијата во која се наоѓале Ромите за време на Втората светска војна. При поставување на сценографијата се внимавало на сите сегменти од логорите и затоа целата комплетна претстава наликувала на филм. Благодарност до сите актери кои учествуваа во овој проект бидејќи дадоа максимум од себе во време на пандемија, вели режисерот Даниел Петровски.

Поставување на театарска претстава под отворено небо е реткост кај ромската заедница и токму затоа, како што рече, дел од коментарите на публиката беа дека видоа филм во живо пред публика.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска