Златни плакети за карикатуристот Дору Аксинте и за афористичарот Миле Ѓоргиоски

Од:

Карикатуристот Дору Аксинте од Романија и афористичарот Миле Ѓоргиоски од Северна Македонија се добитници на златните плакети на Дваесеттиот Меѓународен фестивал за афоризам и карикатура „Струмица 2019“.

dobivaj vesti na viber

Наградите се врачени синоќа, кога беше отворена и изложбата од годинашните карикатури и афоризми инспирирани од еротиката и карневалот.

На конкурсот пристигнале карикатури од сите континенти и 47 комплети со афоризми од балканските земји.

Жири комисијата сребрената плакета во категоријата карикатура, му ја додели на Бранко Зупанич од Словенија, а бронзената на Блаже Докуле од Северна Македонија.

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал,пак, специјалната награда за најдобра карикатура му ја додели на Миро Георгиевски од Северна Македонија.

Во категоријата афоризам сребрената плакета ја доби Јово Николиќ од Република Српска, БиХ, а бронзената авторот Атанас Крлевски од Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

„На тенок мраз“ изложба на карикатури од Лазо Плавевски во МСУ – Скопје

Ана Ололовска

Изложба на карикатури на тема корона од Миле Манчевски

Ана Ололовска

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле награден во Сеул

Ана Ололовска

Меѓународни награди за тројца македонски карикатуристи

Ана Ололовска

Отворен Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“

Ана Ололовска

Одбрани најдобрите карикатури и афоризми на 18. Меѓународен фестивал во Струмица

Ана Ололовска