„Златна Арена“ за режија на Теона Стругар Митевска

Од:

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62 Филмски фестивал во Пула ја доби Златната Арена за најдобра режија.

Петочленото жири едногласно и додели оваа награда на Теона Стугар Митевска, образложувајќи дека “прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот “.

Ова е веќе седма награда за филмот на меѓународната сцена, а фестивалскиот живот воопшто не стивнува. Петрунија продолжува во месец Јули со својот фестивалски живот, присутна на девет фестивали низ целиот свет. По Пула, Петрунија го отвори филмскиот фестивал во Одеса, Украина, од таму е филм на отварање на Мотовун Филмскиот фестивал во Хрватска, а потоа настапува во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Палич, Србија, па во Кина и Нов Зеланд.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето