„Женски простори“ – дискусија за вклучување на жените во уметноста

Од:

Во Музејот на современата уметност вечер во 19.30 часот ќе се одржи отворена дискусија на тема „Женски простори”, како дел од проектот „Родови перцепции“, која ќе обедини претставнички на неколку организации кои континуирано работат на вклучувањето на жените во уметноста и културата.

Работата на „Место женск“ од Љубљана ќе ја претстави Лана Здравковиќ, Јана Коцевска и Кристина Леловац ќе ги споделат искуствата на „Тииит! Инк“ од Скопје, а Кумјана Новакова ќе говори за активностите во овој домен на МСУ-Скопје.

„Место женск“ од Љубљана е една од најреномираните независни организации од просторот на поранешна Југославија која веќе 25 години работи во областа на културата, уметноста, критичката теорија и феминизмот и се залага за еднаквост, разновидност и солидарност. Оваа година „Место женск“ ја доби престижната награда „Принцеза Маргарет“ на Европската културна фондација.

„Тииит.инк“, пак, е женска платформа во Скопје која работи на креирање услови за развој на женската интелектуална и креативна продукција и активното учествува во промоцијата и развојот на независната културна сцена.

-Целта на „Женски простори” е да ги идентификува новите иновативни формати за вклучување на жените во уметноста во различните контексти во регионот, преку вмрежување на актерки кои работат на искоренувањете на родовиот диспаритет во современата уметност. Дел е од програмата на изложбата „Родови перцепции” која се реализира во соработка со Британскиот совет, а претставени се 39 дела од 25 светски реномирани авторки од Британија и Северна Македонија. Изложбата во МСУ ќе може да ја посети до 12 август, соопшти МСУ.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска