„Зен верс“ – хаику поезија на четворица автори од Охрид

Од:

Издавачот „Ирис принт“ од Струга објави збирка хаику поезија „Зен верс“ – мала антологија со по 20 хаику песни на четворица автори – Маја Мојсова, Соња Гаврилоска Љулкова, Милован Србиноски и Пере Ристески, кој е и приредувач на изданието.

– Самата идеја за создавање на едно вакво дело е мошне оригинална и е резултат на желбите и на напорите на нејзиниот приредувач Пере Ристески, на македонската читачка публика да и претстави четворица хаиџини од Охрид и да и ги приближи најпопуларните форми на хаику поезијата, соопшти издавачот.

Писателката Лилјана Пандева во предговорот на книгата пишува: Тоа што четворицата автори се од едно место на живеење (Охрид) ја прави оваа книга уште попримамлива за читателите, книжевната критика, пак, тоа може да го дефинира како поезија на едно место, а историјата на книжевноста без какво и да е стегање „Зен верс“ треба да го забележи како уште еден континуитет на старата Охридска поетска школа.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска