Збирката „Идемо даље” од Авдулах Рамчиловиќ објавена во Скопје

Од:

По повеќе објавени книги, денес во Скопје излезе од печат збирката поезија на Авдулах Рамчиловиќ на босански јазик „Идемо даље“. Ова е прва збирка на поезија од овој автор која излегува во нашата држава. Претходно, една од неговите збирки поезија е преведена на македонски јазик, односно збирката „Уште еден круг“. На овој начин авторот Авдулах Рамчиловиќ и неговата поезија оставаат траен белег и даваат голем придонес на бошњачката и македонската книжевност, како и книжевноста на регионот во целина.

Авторот во книгата „Идемо даље“, песните ги распоредил во три дела: поезија за животот, поезија за децата и поезија за љубовта кои претставуваат една целина. Во збирката се застапени и песни чија директна инспирација е Македонија, како што се песните „Скопје“ и „На Кочо Рацин“.

Во делот од рецензијата се вели: „Само човекот кој чекори може да оди понатаму. Ги има многу, и добро е што е така. На патеката остават отисоци, но дали ќе остават трага? Малкумина со своите чекори додека ја правата патеката оставаат траги кои го одредуваат својот живот и влијаат врз животот на другите и нивните патеки. Авдулах е еден од оние луѓе кои тивко чекорат, но чии чекори оставаат траги во вечноста и стануваат безвременски.“

Авторот Авдулах Рамчиловиќ е магистар по педагошки науки, поет и научника кој е роден на 02.08.1945 година, во Црна Гора, а дел од животот го поминал и во Македонија, каде што и денес често престојува. Неговите научни трудови се од областа на образованието, каде што и работел. Објавил шест книги, а неговите песни се застапени во околу 150 заеднички збирки поезија. Преведуван е на англиски, арапски, персиски, бугарски, унгарски, македонски и на други јазици.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска