Завршува едукативниот проект „Уметност за сите“ на Националната галерија

Од:

Националната галерија денеска напладне во Чифте амам ќе ја отвори изложбата „Јас и ти, едно сме“ – последна од едукативниот проект „Уметност за сите“ кој беше финасиран во рамки на програмата МАТРА на Амбасадата на Холандија.

Во рамки на проектот, од 2017 до 2019 година беа реализирани четири работилници („Од мој агол“, „Дај му форма на животот“, „Пролет, лето,есен, зима…и повторно пролет“ и „Јас и ти, едно сме“) наменети за деца со различен спектар на попречености, различна возраст, специфики, социјален статус, пол, посебни потреби, овозможувајќи им социјална инклузија. Галеријата го реализираше проектот во четири циклуси од по три месеци, заокружувајќи го со последната работилница од која изложбата ќе биде отворена денес.

Од Националната галерија нагласија дека проектот „Уметност за сите“ е пример за грижа на различностите и потребите на маргинализираните групи. Директорката Дита Старова-Ќерими изјави дека општествената одговорност ја практикуваат преку проекти со социјално-културолошки инклузивен пристап кон лицата со попреченост и хендикеп.

-Оттука, овој проект е предвесник на Националната стратегија за развој на културата во земјата до 2022 година и е пример за грижата кон различностите, потребите на посебните, ранливите и маргинализираните групи во општеството, нивните културни планови и потреби, истакнува Старова-Ќерими.

Би можело да ве интересира

Уметничката галерија во Тетово со повик до уметниците кои сакаат да изложуваат во 2012 година

А1он

Во тек конкурсот за наградата „Антево перо“

А1он

„Македонски пејзажи“ – отворена изложба на авторката Марија Светиева

А1он

Програмата на Националната галерија за 2020 година

Ана Ололовска

Повторно скандал со реставрација на уметничко дело во Шпанија

Ана Ололовска

Серија предавања и дискусии за уметниците и културните работници на пазарот на трудот

Ана Ололовска