Завршна изложба на ликовното студио „Арс вивенди“

Од:

Во галеријата на Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје, вечер ќе биде поставена изложбата „15 години насочени во вистински правец“ – завршна изложба на дела изработени од членовите на ликовното студио „Арс вивенди“ каде ментор е академскиот сликар и ликовен педагог м-р Тони Шулајковски.

Во текот на изминатата учебна година членовите насликаа дела со различни мотиви, а ги изработуваа во различни техники од акрилик на платно, акварел, туш, молив, дрвени боици,сув пастел, дигитална графика до скулптурна инсталација.

Ликовното студио „Арс вивенди“ почна со работа во .2005 година под мотото „Насочи го сопствениот потенцијал во вистински правец“ што го користи до ден денешен.Петнаесеттата завршна изложба на студиото е реализирана со поддршка од Министерството за култура на РСМ.

На отворањето на изложбата ќе бидат доделени и дипломи од студиото за членовите од генерацијата 2019/2020, а ќе биде отворена за посетителите до дваесетти септември.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“