Заврши снимањето на филмот „The Sign“ на Елеонора Венинова

Од:

Во Сараево заврши снимањето на краткометражниот игран филм „The Sign“ на Елеонора Венинова, што ќе го отвори годинашното издание на „Cannes Directors’ Fortnight 2019“ (Quinzaine des réalisateurs).

Како што соопшти Агенција за филм, „The Sign“ e еден од петте краткометражни играни филмови снимени како дел од проектот „Southeast European Factory“ (SEE Factory) што е реализиран според концептот „La Factory“ основан од Dominique Welinski и Directors’ Fortnight.

„Southeast European Factory“ (SEE Factory) е проект за соработка меѓу пет држави од регионот, меѓу кои е и Република Северна Макеоднија. За реализацијата на овој проект, како што се наведува во соопштението, беа водени разговори со филмските центри од регионот од минатиот Кански филмски фестивал, по што кон крајот на минатата година од страна на Агенцијата за филм беше потпишан и договор за негова реализација. Врз основа на овој договор за реализација на „Southeast European Factory“ (SEE Factory), пет млади автори од регионот имаа можност да работат на пет филмови реализирани од пет автори од регионот и пет автори од светот кои заедно работеа во парови.

Филмовите се реализирани со поддршка на филмските фондови од регинонот. Краткометражните филмови ќе имаат светска премиера овој мај на Канскиот филмски фестивал на отворањето на програмата „Cannes Directors’ Fortnight 2019“ (Quinzaine des réalisateurs).

Насловите на филмовите дел од овој проект се: „THE SIGN“: Елеонора Венинова (Северна Македонија), Yona Rozenkier (Израел / Швајцарија); „LOVE SUPREME“: Dušan Kasalica (Црна Гора), Teodora Ana Mihai (Романија / Белгија); „RED STAIN“: Urška Djukić (Словенија), Gabriel Tzafka (Грција / Данска); „MOMMY“: Maša Šarović (Србија), Sharon Angelhart (Израел); „SPIT“: Neven Samardžić (БиХ), Carolina Markowitz (Бразил).

Во Кан, каде ќе се прикажат филмовите што се дел од овој проект, Елеонора Венинова ќе има прилика да го претстави и својот прв долгометражен проект пред филмски професионалци на Канскиот филмски фестивал и Филмскиот маркет.

Би можело да ве интересира

„Исцелител“ во Охрид на 25-ти и 26-ти октомври

Ана Ололовска

Фестивал на современ грчки филм и култура од 24 до 28 октомври во Скопје

Ана Ололовска

Две прикажувања на „Медена земја” денеска во Крива Паланка

Ана Ололовска

Трето издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје со поглед „Кон дигиталното“

Ана Ололовска

Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ со уште три престижни награди

Ана Ололовска

Во Битола почнува „Недела на иранскиот филм“

Ана Ололовска