Заврши првото издание на театарскиот фестивал „Ускана фест“ во Кичево

Од:

„Претставата која оди лошо“ е претстава на Албанскиот театар од Скопје, со која заврши првото издание на театарскиот фестивал „Ускана фест“, што се одржа во Центарот за култура во Кичево.

Во изминатите шест дена љубителите на драмската уметност од овој град, имаа можност да проследат шест театарски претстави од исто толку театри од земјава, а добрата посета на овие претстави е најдобра потврда дека театарската уметност во Кичево има своја публика.

-Нашата резерва околу организирањето на првиот театарски фестивал „Ускана фест“ во Кичево беше целосно непотребна, бидејќи според изјавите на учесниците на фестивалот и големото присуство на публиката на сите претстава, можеме да бидеме повеќе од задоволни од она што се случуваше во изминатите шест дена,кога покрај една претстава за деца на отворањето на фестивалот, беа одиграни и пет претстави за возрасни од театри од Скопје, Тетово и Куманово, рече Рахим Рамадани, организатор на овој фестивал.

Тој додаде дека од сите театри учесници на фестивалот во Кичево критиките беа исклучително поволни и сите во суперлативи зборуваа за организацискиот квалитет.

Како што рече, посебно поглавје на овој фестивал беа гледачите кои во максимален број ја исполнија салата во сите шест вечери и покажаа голема театарска култура. Рамадани најави дека за наредните години на фестивалот се планира да земат учество и театри од други држави.

-Со стекнатото искуство од првиот театарски фестивал и со признанијата што ги добивме од учесниците на истиот, за наредните години планираме во програмата да вклучиме и театри од странство, со што овој најмлад театарски фестивал во земјава ќе се погрижиме да добие и интернационален карактер, посочи Рамадани.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска