Заврши јубилејната 20. литературна манифестација „Илинден“

Од:

Јубилејната 20. литературна манифестација „Илинден“ почна со стихови на Кочо Рацин во Домот на култура „Илинден“, а заврши во велелепниот амбиент на манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ во Дељадровци, со стихови на Раде Силјан, Гане Тодоровски и Матеја Матевски, интерпретирани од Антонио Павловски.

На последниот дел од манифестацијата на писателите им беа презентирани знаменитостите на општина Илинден, а се заврши со дружба во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“. Писателите, како што соопшти Општина Илинден, изразиле благодарност до локалната самоуправа и до градоначалникот Жика Стојановски.

Годинашната литературна манифестација „Илинден 2019“ ќе биде запаметена по стиховите на централниот настан, поетскиот митинг „Стихови за душата“ и по рекордниот број на учесници и настани што беа реализирани за време на „Деновите на книгата“ во Општина Илинден. На љубителите на литературата им се претставија над 70 писатели и поети од земјата и регионот, при што имаа можност да уживаат и во уметничките дела на нашиот истакнат сликар Стефан Хаџи Николов, како и песните на Драган Мијалковски и музиката на Пламенка Трајковска.

Би можело да ве интересира

Десет години од бродската несреќа на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Просторот на Мечкин Камен исчистен по прославата на Илинден

Владата тврди: ВМРО-ДПМНЕ дезинформира дека биле спречени да дојдат на Македониум

(ВИДЕО) Николоски: На власта не и се допаѓа постоењето на ВМРО-ДПМНЕ и затоа утрово бевме спречени да положиме венец на Споменикот Македониум

Заев: Мечкин Камен да биде темелник на помирување, заедништво и разбирање

(ВИДЕО) Мицкоски: ВМРО е темелот на Илинден, ВМРО му припаѓа на Македонецот