Затворено годинашното издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски”

Од:

Со настапот на групата „Жил” од Самбервил, Белгија и доделување благодарници за учество на годинашната фестивалска програма, синоќа во Крива Паланка беше затворен 15-от Меѓународен фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски”.

Третата фестивалска вечер започна со дефиле на фолклорните ансамбли од населбата „Единство”, низ главната улица во градот,до централниот градски плоштад,каде се одржуваа сите три фестивалски вечери.

Богатата ризница ора, песни, колоритни парчиња традиционална облека,вплотени во настапите на културно- уметничките друштва и ансамбли, вкупно петнаесет, и годинава го збогатија и направија уште еден фестивал за паметење, каде се преплетуваат култури од Балканот и дел од Европа.

На градскиот плоштад пред неколкуилјадната публика во трите дена на одржување на фестивалот настапија играорци од Белгија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Турција и Северна Македонија.
Во недела градоначалникот на општина Крива Паланка организираше и свечен прием за делегациите учесници, а синоќа на завршницата на програмата им додели благодарници за учество.

Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски” прерасна во културен бренд на градот кој низ годините е препознатлив и по официјалните плакати и лого, визуелниот идентитет за кој е задолжен Кривопаланечкиот дизајнер Стојанче Величковски.

Организатори на фестивалот се локалната самоуправа на општина Крива Паланка и Националната установа Центар за култура од градот, а истиот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Од оваа година во Крива Паланка е востановен и Меѓународен детски фолклорен фестивал „Паланечка тројка”, што се одржа во јуни 2019.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска