Започна снимањето на краткометражниот филм „Проблемот на Тина“

Од:

Краткометражниот филм „Проблемот на Тина“ во режија на Радован Петровиќ, по сценарио на Румена Бужаровска, а во продукција на ДФВП Партизанс започн денеска со снимање.

Тина е 22-годишна интровертна девојка со ниска самодоверба која се бори со идејата како треба да изгледа нејзиното тело. Таа е под влијание на моделите на патријархалното општество и луѓето околу неа.

Главните улоги ги толкуваат Душица Настова, Жаклина Стевковска, Тамара Ристоска, Јордан Симонов, Емилија Мицевска Трајковиќ и Ненад Митевски. Продуцент на филмот е Роберт Насков, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминкер Ирена Сенокозлиоска, снимател на тон Игор Поповски.

Проектот ќе се снима на локаци во Скопје до први декември годинава, а е финансиран со средства од Агенцијата за филм на Македонија.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето