Започна меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“

Од:

Во организација на Домот на културата „Тошо Арсов“ и општина Виница во големата сала на Домот на културата синоќа беше означен почетокот на шестиот мегународен фестивал на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“. Фестивалот кој ќе трае до 17 октомври се реализира со финансиска подршка на општината и на Министерството за култура на Република Македонија.

На свеченото отворање на фестивалот беа доделени наградите на најуспешните картикатури пријавени на конкурсот на тема „Уметност“ на кој пристигнаа 480 карикатури од 39 земји.

– Виница и годинава по шести пат ги отвара вратите на карикатуристите од целиот свет и за љубителите на хумотот. Првата награда ја доделивме на Валентин Дружинин од Русија, втората на Олексеј Кустовски од Украина ,додека третата награда му припадна на Лука Логатар од Црна Гора, истакна пред присустните Славко Данев, директор на виничкиот Дом на култура.

-Лука Логар карикатурист од Црна Гора, добитник на третата награда, истакна дека таа за него е од особено значење бидејќи, како што рече, ја добива на еден од реномираните фестивали во земја пријателска со неговата.

Во рамките на фестивалот вечерва ќе биде промовирана книгата со афоризми „Во Виница е вистината“, издание на фестивалот, а ќе биде прикажана и претставата „Михаил Мишкоед“ на Народното читалиште „Петар Славејов“ од Трајавна,  Република Бугарија.

Би можело да ве интересира

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска