„Замисли желба“ – новогодишен концерт за деца

Од:

Оркестарот на Филхармонија в сабота во 12 часот ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт за деца. Концертот е насловен „Замисли желба“, а приказната ја следи нарацијата која ја сугерира насловот – новогодишните желби кои секое дете си ги посакува на крајот од годината. Поентата и мотивот во приказната се дека не треба да се фокусираме на материјалното, дека требаме бидеме хумани и да им помагаме на луѓето.

Низ приказната ќе ги води наратор – актерот Мартин Јорданоски. На програмата се познатите новогодишни песни „Твинкл, твинкл“, „Џингл белс“, „ Do You Want to Build a Snowman“ од „Фроузен“, „Tomorrow“ од мјузиклот „Ени“, како и класични ремек дела од Гуно, Офенбах, Чајковски…

Покрај оркестарот на Филхармонија воден од диригентот Сашо Татарчевски, ќе настапи и хорот „ПроАрс“. Аранжманите за дел од композициите кои ќе прозвучат на овој концерт се на Ангел Спироски.

Концертите за најмладата публика се важен сегмент од програмската политика на Филхармонија. Овие концерти имаат прилагодена содржина, наменски креирана за најмладите, преку која на непосреден начин се едуцираат и се запознаваат со класичната музика. Концертите имаат различен концепт, замислени се како музички приказни кои преку текст и музика им ја доближуваат класичната музика на најмладите.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска