„За прв пат“ – изложба на Матео де Мајда во КИЦ – Скопје

Од:

Во Културно информативниот центар – Скопје од денеска до 20 ноември во организација на Амбасадата на Италија во Скопје ќе биде отворена изложбата „За прв пат“.

Реализирана со поддршка на Музејот на современа фотографија од Милано (MUFOCO), магазинот Ундичи (Единаесет) и ФФМ, „За прв пат“ е репортажа која зборува за спортот и идентитетот и е дел од долгорочниот проект за фудбалската култура во различни земји од светот.

Текстовите се напишани од новинарот Козимо Бизари, а фотографиите се реализирани од Матео Де Мајда.

– Минатото лето, фудбалската репрезентација на Северна Македонија прв пат учествуваше на европското фудбалско првенство. Неколку недели претходно, италијанскиот фотограф Матео де Мајда и новинарот Козимо Бизари ја пропатуваа земјата и ги претставија нејзините жители додека се подготвуваат за еден од најголемите спортски настани во својата историја, велат од КИЦ.

По затворањето на изложбата во Скопје, ќе биде поставена и во други градови во Република Северна Македонија, а потоа, Амбасадата на Италија сликите ќе ги подари на спортски институции и фудбалски здруженија од земјава. Влезот на изложбата е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска