Втор дел од четвртиот КРИК – Фестивал за критичка култура

Од:

Со предавањето на Ариане Шпаниер од Германија, насловено „Современиот дизајн и независните издавачки практики како глас на маргините“, вечер од 19.30 часот во Чифте амам ќе почне вториот дел на четвртиот Фестивал за критичка култура-КРИК што го организира „Контрапункт“. Коорганизатор на предавањето е здружението „Проектен простор Прес ту егзит“.

Четвртото издание на фестивалот, годинава на тема „Човек без својства – политики на маргините“, ги спојува различните дискурзивни, уметнички, општествени, активистички и политички практики низ кои критички ги истражува и презентира алатките, размислите и дејствувањата преку кои ќе може да се создадат новите текстови на културата и уметноста.

– Оваа година „КРИК – фестивал за критичка култура“ се одвива како процес низ неколку етапи во годината. Особено ни е важно прераснувањето во платформа и форум за критичка култура, низ која, во постојан разговор и конфронтација се сите можни алтернативи на промислување на општеството, политичкото, културата…, велат програмските уредници и организатори, Искра Гешоска и Артан Садику.

Првиот дел на КРИК се одржа во текот на јуни. До крајот на четвртото издание на Фестивалот ќе гостуваат и познатите филозофи и теоретичари Борис Буден, Бранислав Димитријевиќ и Стефан Новотни, како и домашни учесници.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето