„Врба“ со азиска премиера на фестивалот во Тајпеј

Од:

Откако филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски, кој за една недела ги собори рекордите со над 11.000 гледаност низ земјава, филмот продолжува да го освојува и азискиот дел од светот. Азиската премиера ќе биде на 13 ноември во Тајпеј, Тајван, на еден од најголемите филмски фестивали во Азија.

Филмскиот фестивал Златен коњ (Golden Horse) во Тајпеј се одржува од 11 до 24 ноември, а Манчевски годинава е еден од тројцата автори во фокусот, и освен премиерата на „Врба“ ќе има и ретроспектива на неговиот опус, а тој ќе одржи и мастерклас.

По премиерната проекција на „Врба“ предвидена е и сесија прашања и одговори со режисерот Манчевски. Филмот ќе биде прикажан уште два пати во рамки на фестивалот, на 14 и 19 ноември.

Во чест на Манчевски како автор во фокусот, ќе бидат прикажани и неговите филмови „Пред дождот“, „Прашина“ и „Мајки“.

Филмскиот фестивал во Тајпеј, кој постои од 1962 и е еден од најстарите во Азија е конгломерат во кој се споени престижните награди Златен коњ за најдобар филм од азиски автор, промоцијата на светските филмови и филмската академија.

Инаку, „Врба“ својата светска премиера ја имаше на Римскиот филмски фестивал на 19 октомври. Од 1 ноември филмот е на репертоар во скопските кина Синеплекс и Милениум. Филмот се прикажува и во Битола, Штип, Охрид, Кичево, Струга, Прилеп, Крива Паланка, Свети Николе, Од денеска и во Гевгелија. Од 11 ноември ќе се прикажува во Куманово, Радовиш и Неготино, во Виница на 13ти, во Кочани, Богданци и Македонска Каменица од 14ти, Крушево 16ти и Струмица 25 ноември. За само една недела досега го виделе над 11.000 гледачи.

Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

Главните улоги режисерот ги довери на младите актери: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и на веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други.

Би можело да ве интересира

Утре завршува 10. Филозофски филмски фестивал

А1он

ДФРМ и Агенција за филм: Финансиската поддршка за филмските работници е разбирање на нивниот статус

Ана Ололовска

Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70 години од своето постоење

Ана Ололовска

Почина актерот Мишел Пиколи

А1он

Филмски проекции во кината во 2019-та за 4 отсто повеќе од 2018 година

Ана Ололовска

„Најсреќниот човек на светот“ и „Македокс“ добија поддршка од Креативна Европа МЕДИА

Ана Ололовска