„Врба“ на фестивалска турнеја во Европа и САД

Од:

Најгледаниот филм во Македонија, „Врба“ на Милчо Манчевски, ја продолжува фестивалската турнеја со прикажување на уште четири познати европски и светски фестивали, ФЕСТ во Белград, Синеквест во САД, Фантаспорто во Португалија и Софија.

По светската премиера на „Врба“ на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година и по македонската премиера и киноприкажување од два и пол месеци, со кое ги сруши сите рекорди на гледаност, филмот беше дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј и Талин.

На престојниот 48. Меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во Белград (од 28 февруари до 8 март), „Врба“ е во главната натпреварувачка програма, со првата проекција на 2 март, и уште две, на 3 и 4 март. Во историјата на ФЕСТ впишани се големи актерски и режисерки имиња, кои биле гости, како Марчело Мастројани, Харви Кајтел, Бернандо Бертолучи, Софија Лорен, Роберт Де Ниро, Милош Форман, Вим Вендерс, Џони Деп… Досега ФЕСТ имал преку 4 милиони гледачи и речиси 4.000 значајни филмски наслови, како од домашната и регионална продукција, така и од светската.

Од ФЕСТ, „Врба“ патува на 40. Меѓународен филмски фестивал Фантаспорто, во Порто Португалија, (од 28 февруари до 8 март), еден од 20-те водечки во светот, каде филмот ќе биде прикажан на 6 март во програмата „Недела на режисери“.

Во март, „Врба“ ќе ја има и американската премиера, во натпреварувачката програма на Синеквест, еден од најстарите и најреномирани фестивали во САД (од 3 до 15 март) во Сан Хозе и Редвуд Сити, Калифорнија,

Исто така во март, „Врба“ ќе биде прикажан и на 24. Интернационален филмски фестивал во Софија, еден од најголемите во регионот (од 12 до 22 март).

Шестиот игран филм на режисерот Милчо Манчевски, „Врба“ ја надмина бројката од 30.000 гледачи, што е рекорд во Македонија во последнава деценија: ова е најгледан филм во државата за 2019 надминувајќи ги и холивудските блокбастери и најгледан македонски филм. Минатиот месец кино-мултиплексот Синеплекс објави дека „Врба“ е најгледаниот филм во историјата на компанијата воопшто. Дистрибутерот на филмот го прикажа во над 20 градови во државава.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето