„Возови на смртта“ нова збирка песни на Зоран Пејковски

Од:

„Возови на смртта“ е нова збирка песни потпишана од битолчанецот Зоран Пејковски што ја објави издавачката куќа „Паблишер“ од Скопје.

Според рецензнтот проф. д-р Венко Андоновски, за „Возови на смртта“ е една исклучително добра, кристално избрусена стихозбирка, ни помалку, ни повеќе, туку книга која ја открива самата суштина на поезијата, да биде исплетена од најсензитивни нишки, како пајакова мрежа.

-Поезијата ја бара смислата, а не значењето. Во својата сјајна стихозбирка, Пејковски, за да создаде врвен и возбудлив поетски чин, доста му се еден воз со една локомотива, неколку вагони, една пруга, патници кои влегуваат и излегуваат, троа нивни мириси, еден тунел и – толку. Животот е патување, возот е судбината, тунелот е премин кон другата страна, кон смртта, која е одново раѓање…. Стихозбирката завршува во едно космичко крешчендо кое замислува милиони и милиони патници во милиони возови, посочува меѓудругото рецензентот Андоновски.

Рецензентот, поетот и професор, Славе Ѓорѓо Димоски пишува дека ако стихозбирката се разгледува циклус по циклус, тогаш нагласува Димоски ќе се соочиме со прецизноста на поетот во оформување на поетските целини, засновани на поетиката на обичниот, но напрегнат едноставен израз и со неговиот смирен поглед кон осетениот и видливиот свет кој го истражува преку јазичките конкретни и јасни склопови со голема прецизност и контрола. Значи, станува збор за пречистен, јасен поетски ракопис кој, ослободен од секакви нејасни вртења, е исполнет со впечатливи слики кои ја откриваат внатрешната драма на модерниот човек.

Стихозбирката „Возови на смртта“ е 45-та книга, поезија на авторот Зоран Пејковски.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска