Водич за музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства по повод Меѓународниот ден на музеите

Од:

Музејот на македонската борба соопшти дека во чест на Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, се придружува кон дигиталните одбележувања на годинашната тема „Музеите за еднаквост – Различност и инклузија“.

Од Музејот посочуваат дека по повод Меѓународниот ден на музеите на нивната веб локација е поставен Водичот за музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства, кој е наменет е за музејските работници на кои врз основа на научни и практични принципи им се овозможува креирање програми и активности за лицата со аутизам и нивните семејства.

Автори на водичот се д-р Јасмина Трошанска, Ана Шикалеска и м-р Данијела Трајкова-Крстиќ. Водичот е изработен на три јазика – македонски, англиски и албански јазик и може да се преземе на https://tinyurl.com/y7svkkqs

Водичот е дел од активностите во проектот „Отворени музеи“, реализиран во рамки на одбележувањето на 2018 Европска година на културното наследство, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Таен музеј во Вашингтон