Во Вевчани отворена изложбата „Метакосмија“

Од:

Во Туристичкиот центар – Вевчани отворена е изложбата со уметнички слики „Метакосмија“ на академските сликари Ангела Спировска и Владо Мукоски.

Изложбата ја отвори новинарот и писател Мишо Китаноски, посочувајќи дека ликовните дела се создадени во време на пандемија и претставуваат силно внатрешно емотивно доживување.

– Овие ликовни дела од двајцата уметници се создадени во време на пандемија,односно кога луѓето беа приморани да се самодисциплинираат и изолираат што претставува едно силно внатрешно емотивно доживување и инспирација, рече Китаноски.

Авторите, посочи тој, гледајќи на самоизолацијата, како затворен празен меѓупростор и предизвик за инспирација, со која преку боите трагаат во „Метакосмијата“ во човекот и во неговот интимен свет.

Со ваквите настани, според градоначалникот Сашо Јанкоски, Вевчани повторно си го враќа сјајот на културната мапа во државата.

Изложбата „Метакосмија“, на почетокот од летото беше претставена во Македонскиот културно-информативниот центар во Софија, а наскоро делата ќе бидат изложени и во Велес.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“