Во Вевчани ќе се избира најдобра карикатура

Од:

Меѓународната културно-научна манифестација „Печалбарски денови“ и Вевчанското културно лето „ВЕВКУЛ 2015“ распишаа Меѓународен конкурс за карикатура на тема „Поплава, поплава…“

Право на учество на конкурсот имаат сите кои цртаат карикатури и имаат смисол за хумор и сатира. Форматот и бројот на карикатури со кои еден автор-карикатурист ќе учествува на конкурсот не е ограничен, односно е по избор на авторот.

Жири-комисијата ќе доделува прва, втора и трета награда односно златна, сребрена и бронзена маска. Добитниците на награди ќе добијат и пасош на Карневалска Република Вевчани, како и други подароци.

Од наградените и селектирани карикатури идната година во рамките на манифестацијата „ВЕКУЛ“ ќе биде организирана изложба во Вевчани.

Спонзор на Меѓународниот конкурс за карикатури што ќе биде отворен до 24 декември е Општина Вевчани. 

Би можело да ве интересира

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немање поддршка од Mинистерството за култура

Ана Ололовска

Кривична пријава за лажниот лекар од Вевачни за надрилекарство, измама и за фалсификување

Катерина Ѓуровски