Во рамки на манифестацијата „Велес – Град на културата 2015“ денеска во медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес беше промовирана стихозбирката „Отворена книга“ од Раде Силјан.
Промоторот на книгата проф-д-р Златко Жоглев појасни дека стихозбирката „Отворена книга“ е 20-та книга на Раде Силјан, во која се поместени пролог, епилог и три тематски целини:слики,зло време и бела чума, во кои се поместени вкупно 11 песни. Во книгата има сиви и бели страници.
– Раде Силјан во оваа извонредна книга не советува,предупредува и потсетува дека треба да создаваме,да градиме и да се бориме за да бидеме живи,а не само да бидеме бледи сенки, кои ќе немеат во темнината,место да помогнат и да се борат за татковината.А тоа, меѓу другото се прави со издигнување на мисли,зборови и дела до небесни височини,како што долго време го прави Раде Силјан, потенцира проф-д-р Жоглев.
На промоцијата дел од стиховите од „Отворена книга“ пред присутните интерпретираа Игор Крајчев и Слободанка Чичевска.