Во Велес промовирана стихозбирката „Белата бреза“ од Божидар Јовиќ

Од:

Во организација на Друштвото на писатели „Коста Солев Рацин“ и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ синоќа во Ликовниот салон во Велес беше промовирана стихозбирката „Белата Бреза“ на Божидар Јовиќ, Општински просветен инспектор во пензија.

Стихозбирката ја промовита поетесата професор Павлина Климкар Меанџиева, а која во своето обраќање до присутните појасни дека книгата содржи 55 песни одвоени на насловен воведен дел од 33 песни и циклус именуван како „Збогување“ во кој има 20 песни. Сите заедно ја претставуваат богатата поетска реч на нивниот автор кој успешно и топло низ богата лексика и зачестена рима одразува животни настани органски поврзани со секојдневието кое е и негов поетски вруток, појасни Климкар Меанџиева.

– За животот како целина преточен низ разновидни импулси, Божидар пее за жената, за немирите, за соништата…Низ стиховите видлива е присутноста на човековите битки, рани и лузни, животните тајни низ копнежи и самонабљудувања, како и животните загатки, потенцира Климкар Меанџиева за оваа втора стихозбирка на Јовиќ.

Јовиќ за оваа стихозбирка неодамна ја доби и наградата  „Балкански книжевни координати“ на Издавачката куќа„Дата песнопој“ од Битола.

Својата прва стихозбирка „Расцутување“ поетот ја промовира во март годинава. Претходно имаше напишано три книги: од кои две стручна литература од образовната дејност и една книга „Младите и демократијата“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска