Во рамки на активностите „Велес – град на културата“ денеска градската библиотека „Гоце Делчев“ ќе ја промовира стихозбирката „Отворена книга“ од Раде Силјан, издание на „Матица македонска“.
За најновото дело на познатиот поет и литературен критичар ќе зборува проф. д-р Златко Жоглев, ректор на универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола.
Стихови од книгата ќе интерпретираат Слободанка Чичевска и Игор Крајчев.