Во Велес премиерно прикажан документарниот филм „Којник“

Од:

Во рамките на програмата на 20-та јубелејна културно-деловна манифестација „Којнички средби“ синоќа на белото платно на сцената во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес премиерно беше прикажан документарниот филм „Којник“ по текст и режија на авторот, новинарот Кире Василевски и професор Љубомир Ракиџиев во монтажа на Зоран Ставрев и локалната велешка телевизија Канал 21 во чија продукција е снимен филмот.

Како што информира за МИА авторот на документарецот Кире Василевски, филмот говори за Велес, за традициите, за културата и на еден начин претставува спој – премин помеѓу традиционалното и она што значи современо и евро инспирациите.

-Не случајно и главната улога на филмот и на оваа манифестација „Којнички средби“ е гемија до европортирот, односно од времето на Гемиите, интересот, трговијата пресликана до времето кога Велес беше индустриски град, врз основа на претходното портфолио град на над 300 занаети. Се до денеска кога имаме големи стремежи во делот на економијата да бидеме дел од големото европско семејство,појасни Василевски.

Тој вели дека филмот не враќа назад во минатото на Велес, но и става знак прашалник за тоа што ни се случува денес.

Пред промоцијата на филмот пред присутните за Којник и неговиот историјата и како го добил името говореше велешкиот хроничар Љубомир Данов.

Според него, Крајник бил третиот рид во кој велешката котлина кој населението го викал Крајник, но потоа низ годините името се преименувало во Којник. Тој посочи дека во тоа време Којник бил населен само со христијанско население, а населбата била специфична по тоа што куќите се граделе од ридот па надолу. Потсети дека Којник е познат по голем број на занаетчии кои своите производи ги продавале на велешкиот пазар, а потоа и со гемијата на којничанецот Милабиле превезувани низводно Вардар до Солун, по големиот број испеани песни и по голем број на славни којничани меѓу кои е и поетот и револуционер Коста Солев Рацин.

Основачот и организатор на културно-деловната манифестација „Којнички средби“ професорот Љубомир Ракиџиев, потсети дека таа е формирана во 1999 година. Тој потенцира дека нејзина стратешка цел е е низ ангажирањето на културата во трансформирањето во економија и економски развој, развој на одредени занаети и дејности. Воедно информира дека последните седум – осум години тоа го прават и низ регионот на Западен Балкан, формирале група стручњаци од разни земји каде што ги покренуваат тие традиционалните занаети. Како на пример преработката на капини во вино, други преработки од капини, разни пчеларски производи и друго.

– Целта на „Којничките средби“ е и негување на културата; како поезија, народни приказни, преродбенските занаети кои биле уште во 1850-1860 година и кога велешките занаетчии од ништо правеле занаети, а од вкусната софра правеле нови доработки се’ со цел да опстанат на овие простори, појасни Ракиџиев.

Тој вели дека за „Којничките средби“ освен од Општина Велес, подршка имале и од Министерството за економија и Министерството за култура. Потенцира дека е многу важно што нејзини промотори биле академик професор Ѓорѓи Шоптрајанов, како и професорот Љубомир Шакаров кој неодамна почина на 99 години, а поради традицијата на манифестацијата „Којничките средби“ да ги отвора најстариот велешанец. Воедно средбите ги отворале и поранешниот претседател Киро Глигоров, поранешниот премер Никола Кљусев и други јавни личности.

Инаку по премиерата во Велес филмот ќе биде прикажан и на фестивали на докуметарни филмови во Србија,најпрво во Врњачка Бања и меѓу македонските здруженија во Белград и во Самобор во Хрватска, а потоа и во Шпанија и Франција, најави Ракиџиев.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска

Снимање на краткиот документарец „Возот кој никогаш не дојде“

Ана Ололовска

„Крпен рурален живот“ – краток документарец за борбата на руралната жена во општеството

Ана Ололовска