Во Велес отворена изложба од 25. Интернационална кичевска ликовна колонија

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на дела од 25. Интернационална кичевска ликовна колонија. На изложбата се претставени 22 дела кои се само дел од изработените од учесниците на оваа колонија вo 2018 година, односно Жарко Јакимовски, Боро Арсовски, Илбер Зулфаќири, Ферудин Ишман од Северен Кипар, Снежана Гроздановиќ од Србија и други.

Како што појасни Анита Василкова-Мидоска, директор на велешкиот Народен музеј што ја организира изложбата претставени се 22 дела, кои се авторство на еминентни ликовни уметници, академици и професори.

Делата се изработени во различни техники: акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника, графики и фотографии на изработените скулптури.

– На изложбата можеме да видиме различни индивидуални светови и пристапи при утврдување на ликовните образци. Секој од овие творци, преку изборот на својот личен ликовен говор ја живее стварноста во конкретниот миг, различна за секој од уметниците. Уметноста во овој случај делува како обединувач, ја гради целината, ги надополнува етничките, географските, времеменските разлики, појасни Василкова Мидоска.

Колонијата се одржува 25 години во континуитет, од 1994 до 2018 година, во креативна творечка и релаксирана атмосфера во хотелот „Куќа на уметноста“, сместен во густа костенлива и борова шума на 960 метри надморска височина во село Кнежино, Авторите, учесници на колонијата од многу земји и светски познати, досега создале над 1.300 уметнички дела, а во депото во Куќата на уметноста има над 900 дела.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“