Во тек пријавувањето за проектот „Креативноста на дело“

Од:

Институт за развој на креативниот и иновативниот потенцијал кај млади и возрасни луѓе „Креативна Македонија“ – Скопје го организира проектот „Креативноста на дело“. Станува збор за летна школа која се состои од шест онлајн работилници (фимо, везење, плетење, цртање, срма и ќостек) водени од докажани занаетчии.

Промотивната кампања за проектот „Креативноста на дело“ е поддржана од  Град Скопје, а спонзори се Еснаф, PrimePoint Partners, Staedler.

– Ова е одлична можност  за активно и квалитетно искористување на слободното време, но и за стекнување нови заења и вештини со кои ќе можете да креирате ваш бренд, самовработување и можност за одржлив професионален ангажман, соопшти организаторот.

Работилниците ќе бидат онлајн и ќе се реализираат во јули годинава, а крајниот рок за пријавување е 30 јуни. Сите заитересирани можат да се пријават на следниот линк: https://forms.gle/EKYD32oHDhK6NWii7  Настанот може да следи на следи на овој линк: https://www.facebook.com/events/264749434606417/ 

Би можело да ве интересира

Вкупно 33 апликации на конкурсите за млад и зрел уметник што ги објави Националната галерија на Македонија

Ана Ололовска

Работилници за мозаик со уметникот Никола Упевче отворени во Охрид

Ана Ололовска

Детска ликовна работилница на отворено во Куманово

Ана Ололовска

Перформанс „Зошто“ на Спасе Перовски во Младинскиот парк во Велес

Ана Ололовска

Уметничката галерија во Тетово со повик до уметниците кои сакаат да изложуваат во 2012 година

А1он

Во тек конкурсот за наградата „Антево перо“

А1он