Во тек конкурсот за наградата „Антево перо“

Од:

Меѓународната поетско културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, потсетува дека е во тек Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ за 2020 година. Наградата се доделува како исклучително поетско признание за необјавена збирка песни на македонски јазик, а е востановена во чест на современиот македонски поет, академик Анте Поповски.

Основната мисија на оваа награда е популаризација на поетскиот книжевен жанр, поттикнување на младите поети кои творат и се остваруваат на македонски јазик и афирмација и популаризација на нивните дела.

Годинашниот конкурс досега привлече голем број на творци кои го посакуваат признанието што го носи името на великанот на македонската поетска мисла, Анте Поповски. Меѓу оние кои доставиле свои стихозборки, има автори што одамна ја имаат потврдено својата книжевна вредност, авторитет и квалитет и кои многупати биле наградувани или се закитиле со некое еснафско признание, но и талентирани поетски пера, чие што време допрва надоаѓа. Организаторите велат дека меѓу пристигнатите поетски ракописи има и неколку книги од млади автори, кои со оглед на годините освен за наградата „Антево перо“имаат привилегија да бидат во конкуренција и за наградата „Антев часовник“, востановена лани за поети до 25 години, со цел дополнително да се стимулира творештвото на најмладите наши таленти.

Творците кои во наредниот период имаат намера да учествуваат на Конкурсот за наградата „Антево перо“ своите ракописи можат да ги испратат на email адресата: [email protected] заклучно со 25-ти август, а за детали околу конкурсните пропозиции и рокови можат да се информираат на фејсбук страницата Антево перо.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ