Во Струмица промоција на „Ѕвездоскок“ од Ален Нанов

Од:

На 18 декември (петок), со почеток во 19 часот, во НУЦК „Антон Панов“ Струмица ќе се одржи промоцијата на првата збирка поезија на Ален Нанов насловена „Ѕвездоскок“.

Мултимедијалната промоција ќе ја отвори Никола Маџиров, а книгата ќе ја претстават издавачот Коста Батев од „Art & Art Stidio Batev“ и рецензентите на книгата Ацо Гогов и Митко Гогов.

Стихови ќе читаат актерите Оливера Аризанова Мансбарт и Ванчо Мелев.

Ален Нанов е роден 1972 година во Скопје. Дипломирал на НАТФИЗ „Крсто Серафов“ во Софија. Освен театарот, негова огромна љубов се музиката, поезијата, уметноста… Животот! Од минатиот милениум живее според неговата: „За да биде – човек треба да биде уметник“.

„Во дебитансткиот ракопис на Ален Нанов ‘Ѕвездоскок’, кој содржи триесетина песни, имаме пример на урбана лирика, лирика чиј амбиент е првенствено нашето градско живеење“, пишува Ацо Гогов во неговите први редови од освртот кон книгата, додека, пак, Митко Гогов додава дека: „Тој врзува една друга невидлива нишка со читателот, во одреден момент чувствуваш авторска соголеност, но во другиот тоа е веќе разоткривање на повеќеслојни амбиентални и емотивно длабоки манифестирања на креативниот процес“.

За време на промоцијата ќе бидат запазени сите протоколи за заштита од Ковид-19 според мерките на СЗО и Министерство за здравство, а истата ќе биде емитувана во живо на интернет преку настанот креиран на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска