Во Стоби ќе се одржи 12 Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2013“

Од:

На просторот на античкиот амфитетар во археолошкиот локалитет Стоби од 13 до 20 јули ќе се одржи 12-от  Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2013“.

На фестивалот ќе се натпреваруваат четири  претстави, од кои две се од Македонија, а по една од  Турција и Србија.

Честа да го отвори фестивалот на 13. јули  му припадна на турскиот градски театар од Истанбул со премиерното прикажување на претставата „Лисистрата“ во режија на Кемал Кочатурк кои на публиката треба да им понудат модерна адаптација на тематиката со авантуристички забавен свет на Аристофан.

– Ова е првпат на фестивалот премиера да имаа гости од странство, потенцира на денешната прес – конференција Зоран Љутков,извршен директор на фестивалот.

На 15-ти јули со претставата „Жени во народно собрание“ во режија на Никола Завишиќ ќе настапи народниот театар од Суботица, на 17-ти Јули настапува драмскиот театар од Скопје со претставата „Евридика“ во режија на Нина Николиќ и на 20-ти Јули фестивалот завршува со претставата „Шекспир во приказни“ во режија на Кери К. Невзати на турскиот театар од Скопје.

Сите претстави ќе се одиграат на просторот на амфитеатарот во локалитетот „Стоби“ со почеток во 21 часот.

Буџетот на фестивалот е  од  Општина Велес со еден милион и 800 илјади денари, како и од Министерството за култура и од различни донатори и спонзори, меѓу кои и златниот спонозр Винарија „Стоби“.

– Оваа година од оправдани причини не успеавме да донесеме поголем број претстави, но тоа не значи дека претставите кои се на репертоарот не се содржајни и квалитетни. Во поглед на бројот на публиката морам да истакнам дека истиот ќе биде намален за околу 200 гледачи поради ископувањата кои се одвиваат во моментот на археолошкиот локалитет, а освен со публика од Велес, ќе биде  збогатен со публиката од Неготино, Кавадарци и Градско, потенцира  Љутков.

На фестивалот во официјална конкуренција ќе се натпреваруваат три претстави, а и годинава ќе бидат доделени награди за најдобра женска и машка улога, за најдобра режија и најдобра престава, а за што ќе одлучува жири комисијата: Зорица Панчиќ,Крсте Џидров и Нела Витошевиќ.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска