Во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на рускиот јазик

Од:

Амбасадата на Руската Федерација во земјава и општина Кисела Вода денеска го одбележуваат Светскиот ден на рускиот јазик.

По тој повод попладне во паркот „Пушкин“ во општина Кисела Вода ќе се одржи свеченост на која ќе се обратат рускиот амбасадор Сергеј Баздникин и градоначалникот Филип Темелковски. Ќе биде одржан концерт и ќе биде прикажан цртан филм „Приказка за цар Салтан”.

Рускиот јазик е еден од шестте официјални јазици на ООН. Рускиот е најраспространет јазик во Евроазија. Исто така, рускиот е најголем мајчин јазик во Европа и осми најголем јазик во светот по бројот на луѓе чиј мајчин е рускиот, а шести по вкупниот број на говорници околу 215 милиони луѓе.

Светскиот ден на рускиот јазик се одбележува на 6 јуни. Овој датум е поврзан со денот, кога е роден Александар Сергеевич Пушкин. Александар Сергеевич Пушкин се смета за најголемиот руски поет, основоположник на рускиот литературен јазик и основач на модерната руска литература.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода