Во Прилеп промовирана „Утро во Франкфурт“ на Мирјана Стојановска

Од:

Во прилепската градска библиотека „Борка Талески“, поетесата и писател од Битола Маријана Стојановска денеска ја промовираше својата книга на кратки раскази „Утро во Франкфурт“.

Инспирирана од градот при ланскиот нејзин престој за време на Саемот на книгата, Стојаноска на читателите им го доловува познатиот германски град на свој начин, како, што впрочем ги доживеала своите импресии.

-Кога минатата година престројував седум дена во Франкфурт за време на Меѓународниот саем на книгата, градот го доживеав на специфичен начин. Она што претставува архитектура, стара и нова историја на градот, некако успеав да го насликам во мојата книга „Утро во Франкфурт“. Во книгата се ултра-кратки 45 патеписни раскази. Всушност „Утро во Франкфурт“ беше песна, зашто зад мене се осум книги-поезија, но, заклучив дека преку прозата ќе го доближам градот. Франкфурт во расказите се појавува како главен лик, а внатре се описите на: музеите на Гете, на браќата Грим, архитектурата, зградата која ја претставува чашата на јаболковото вино, мостот на воздишките и се она на начинот на кој го видов Франкфурт. Мојот израз е лапидарен, краток, близок на поезијата, изјави Стојаноска при денешната промоција на нејзината книга пред прилепските читатели, „Утро во Франкфурт“.

Книгата веќе е преведена на германски јазик и на годинашниов Саем на книгата во Франкфурт (во октомври) предизвикала големо внимание.

Расказите сценски ги изведоа актерките од алтернативниот театар од Битола, Ана Жежовска и Симеона Павловска, а музичкиот дел е на познатиот солист Драган Микаровски. Во рамките на овој книжевно-сценски и музички настан насловен „Поетски хоризонти“ беше претставена изложбата на ракотворби, везови и резби.

Проектот „поетски хоризонти“ е во рамките на Новиот културен бран на Министертвото за култура, во организација на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола. Книгата „Утро во Франкфурт“ се промовира во Битола, Прилеп, Демир Хисар и во Струга.

Мирјана Стојановска од 2007 година е член на Друштвото на писателите на Македонија. Беше прв претседател на Клубот на писателки на македонскиот клуб „Даница Ручигај“ при ДПМ. Автор е на девет книги поезија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска