Во Пехчево промовирано делото „Зад твојот сон“

Од:

Во организација на Домот на култура „Јане Сандански“, а во соработка со Матичната библиотека „Кочо Рацин“, вчеравечер во киносалата во Пехчево се одржа промоција на делото „Зад твојот сон“, од авторот Васил Маневски. Промоцијата ја водеше афористичарот Миле Ѓорѓијоски, а истата ја отвори познатата пехчевска поетеса Габриела Костадинова, која за својот колега Маневски истакна дека е роднокраен автор, кој допрва ќе го даде најдоброто од себе во поезијата.

-Читање на дел од поезијата на авторот Васил Маневски имаа поетеси од Пехчево, инаку мои соработнички, кои читаа дел од поезијата на Маневски. Во рамки на настанот имавме и музички дел, во кој свое претставување на гитара имаше младата Маја Пандова од Пехчево. Се надевам дека ќе имаме уште вакви промоции и во иднина, рече Костадинова.
Авторот задоволен од приемот кај публиката најави продолжување на творечката дејност.

-Убаво е кога навидум едно подзаборавено дело се издигна од пепелта и повторно со неколкуте катрени стана привлечно не само за љубителите на пишаниот збор на моја возраст, туку и за помладите генерации. Ова за луѓе на наши години е она што не тера да твориме и понатаму, рече Маневски.

Делото „Зад твојот сон“ е втора едиција на првото издание на новинарот во пензија, дело кое излезе пред 40 години и е дополнето со осум катрени. Претходно, делото беше промовирано во Делчево и во село Разловци.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска