Во Лешочкиот манастир отслужен помен парастос по повод 176 години од смртта на преродбеникот и игумен Кирил Пејчиновиќ Тетоец

Од:

По повод 176 години од упокојувањето на преродбеникот и игумен на Лешочкиот манастир отец Кирил Пејчиновиќ Тетоец денеска беше отслужен помен парастос од страна на митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Митрополитот потсети на поуките и примерот кој игуменот Кирил ги има оставено, но и за нивната актуелност и денес, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Директорот на Комисијата, Даријан Сотировски и годинава присуствуваше на поменот, изразувајќи ја длабоката почит кон ликот и делото на лешочкиот игумен Кирил, кој оставил длабока трага во националната преродба, но и духовното издигнување на македонскиот народ во полошкиот регион.

Годинава се навршуваат и 250 години од раѓањето на овој значаен преродбеник, а по тој повод се планирани и повеќе настани за во летниот период кои ќе се реализираат во согласност со условите и протоколите за заштита од вирусот, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски

Ограбен е манастирот „Св.Јован Крстител“ во скопското село Љубанци

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

На дело е фатен арамијата кој ја ограби црквата „Св.Архангел Гаврил“ во Гази Баба

(ВИДЕО) Г. Јаков: Имаме должност да ги заштитме децата и семејството

А1он