Во Куманово почна меѓународната колонија „Карпино 2019“

Од:

Почна 17-та меѓународната ликовна колонија „Карпино 2019“ во Куманово, информираа денеска организаторите од Мултимедијалнииот центар „Карпино“.
Годинава ќе учествуваат 15 уметници од Италија, Хрватска, Црна Гора, Србија и уметници од домашната сцена. Колонијата ќе трае осум дена. Уметниците ќе творат во класични техники, акрил и масло на платно.

Колонијата ќе биде отворена и за јавноста, така што заинтересираните ќе можат да ги посетат уметниците додека творат, соопштија организаторите.

– Уметниците ќе посетат култутно-историски знаменитости во Куманово, Старо Нагоричане, Кратово, ќе се инспирираат и ќе креираат дела, изјави уметничкиот директор на колонијата, Валентина Илијевска.

Годинава се очекува плодна продукција од 30-тина дела, кои ќе бидат сочувани во депото, а дел ќе бидат распределени по институциите во градот.

На оваа колонија учествуваат уметници од различни генерации кои ќе имаат можност да соработуваат, да разменат идеи и да стекнат искуство.

Илијевска информираше дека покрај сликањето, предвидено е да се одржат, поетски вечери, театарски претстави, настапи на музичари, меѓу нив и вечер посветена на еден од основачите на колонијата Драгиша Димитријевски-Шипе.

Креираните дела ќе бидат изложени прво пред кумановската јавност, а официјална изложба е закажана по повод Денот на ослободувањето на градот.

Би можело да ве интересира

Момче оштети слика на Пикасо вредна 20 милиони фунти

Татјана Ташкова

Шестоодделенка е најмлад уметник за тетоважи во Сингапур

Татјана Ташкова

Иваноска со изведувачкиот перформанс Лесна_Акумулација на капитал, Прља со Субверзија во црвено и Јовановиќ со Протестен споменик

Ана Ололовска

Наградени најдобрите уметнички дела создадени од амбалажен отпад

Ана Ололовска

Откриена спомен – бистата на Мартиноски во Букурешт

Ана Ололовска

Младите заинтересирани за изложбите на МСУ, едукативната програма ќе продолжи во 2020

Ана Ололовска