Во Куманово отворена изложба „Жените и фотографијата“

Од:

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, денеска беше отворена изложбата „Жените и фотографијата 2020“, која по седми пат ја организира Фото клубот „Куманово“.

На изложбата презентирани се дела од 37 авторки од државата.

– Објективот на жената фотограф е различен од објективот на маж фотограф, авторката на фотографијата има сосема поинаква перцепција за динамиката на објектите кои се опфатени со кадарот од апаратот. Различноста на перцепцијата се одликува и во квалитетот на фотографијата и во тематиката, објектот на фотографирање и техниката. Авторката преку фотографијата произведува цел свет од доживувања и пресеци на реалност, пишуваат меѓу другото организаторите.

Фотографирањето, велат организаторите, може да стане мирен начин жените да го презентираат својот прозорец кон светот и да ја искористат фотографијата за да испратат гласна порака за тоа како сакаат светот да изгледа со целиот нивен идеализам, утопизам, болка и меланхолија поради актуалната состојба.

Изложбата ќе биде поставена до 15-ти август годинава. Посетителите се должни да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита при посетата на изложбата.

Оваа изложба прво требаше да се одржи во март, но поради пандемијата беше одложена.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“