Во Крива Паланка утре почнува 15-от Интернационален фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“

Од:

Од утре до недела во Крива Паланка ќе се одржи 15-от Меѓународен фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ на кој во знак на петнаесетгодишниот јубилеј ќе учествуваат 15 фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од седум Европски држави.

Фестивалската програма ќе трае три дена, а граѓаните ќе имаат прилика да уживаат во ора, танци, народни песни и игри на учесниците од Белгија, Турција, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска и Северна Македонија.

– Трите фестивалски вечери ќе се одржат на градскито плоштад, со почеток од 19 часот, со претходни дефилеа на учесниците од различни локации во градот: Осичка маала, првата вечер, втората вечер од ул.Херој Карпош и третата, од населба Единство, а во недела градоначалникот ќе организира свечен прием на делегаците на гостите-учесници, информира Мира Ѓоргиевска, директорка на Национална установа Центар за култура, Крива Паланка.

Традиционално, фестивалот го организираат локалната самоуправана на општина Крива Паланка и НУЦК, Крива Паланка, а е поддржан од Министерството за кулутра на Република Северна Македонија во рамки на програмата „Кривопаланечко културно лето“.

– Со фестивалот се отвора богатата кулутрна програма што следи во наредната недела, како предвестие на празнувањата, чествување на Голема Богородица и празникот на градот, „Св.Јоаким Осоговски“, патронот на Крива Паланка, чие име го носи фестивалот. Покрај вечерните настапи за друштвата кои ќе гостуваат е планирана програма за посета на културните-знаменитости во градот, Локалната установа градски музеј, манастирот, испосницата, а на 25-ти ќе има и забавна програма, настанот „One love tour“ на плоштадот Карпошово востание, додаде Георгиевска.

На 15-от Интернационален фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ ќе настапат: фолклорни друштва од Испарта, Турција, самбервил, белгија, КУД „Дајре“, БиХ, КУД „Ново Селиште“, Бор, Србија, КУД „Салона“, Солин, Хрватска, КУД „Зора“, Бугарија, КУД „Гоце маркоски“, Долно Лисиче, Скопје, РС Македонија, КУД „Панче Пешев“, Куманово, КУД „Бучим“, Радовиш, и друштвата од градот домаќин, КУД „8 Октомври“, КУД „Карпош“, КУЗ „Фолклористи“ и КУД „Сонце“.

Би можело да ве интересира

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Ана Ололовска

Детскиот фолклорен фестивал „Оро без граници“ – симбол на пријателство меѓу децата

Ана Ололовска

Затворено годинашното издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски”

Ана Ололовска

Започна Етно Плоштад фестивал 2019 во Берово

Ана Ололовска

Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци најуспешна група на „Илинденски денови“

Ана Ололовска

Вечер во Битола завршува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“

Ана Ололовска