Во конкуренција за наградата „Роман на годината“ 36 романи

Од:

На годинашниот јубилеен 20-ти конкурс за престижната награда „Роман на годината“ пристигнаа дури 36 романи. Како што соопштуваат од Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, која ја доделува оваа награда, жири-комисијата во состав Фросина Пармаковска, минатогодишна лауреатка на ова признание и воедно претседателка на жири-комисијата, Богомил Ѓузел, Сашо Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека освен по обем, годинава романескната продукција се одликува и со несомнен квалитет.

dobivaj vesti na viber

Според правилникот на наградата, Фондацијата ќе го соопшти годинашниот добитник најдоцна до 15 март. Жири-комисијата во овој период ќе направи неколку селекции на романите. Наградата е единствена и неделива и се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и статуетка.

Од Фондацијата исто така информираат дека извадоците од романите ќе се објавуваат на сајтот okno.mk, почнувајќи од 1 февруари.

Би можело да ве интересира

Четири романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

Ана Ололовска

Десет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Ана Ололовска

39 романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“