Во кино „Фросина“ промовирана книгата „Јас сум Цако“

Од:

Стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако синоќа беше промовирана во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

„Цако ги ниже песните како бисери, за секоја драга личност по една. Запишани се онака како што ги доживува, како лирски слики. Од нив извира чиста емоција од некој што животот го живее со полни гради и чиешто мото е: човек кога е со љубов, ќе постигне повеќе. Токму таа, љубовта, е централна тема во поезијата на Цако. Кон дедо му, семејството, неговиот идол Тоше, жените, природата, животот воопшто. Тие се парчиња од мозаикот што ја сочинуваат синтагмата „Јас сум Цако“. Неговата поезија, како и сѐ она што го прави тој, се вистинска инспирација за лицата со попреченост“, истакнаа од „Арс Ламина“ на промоцијата.

Александар Матовски-Цако почнал да пишува поезија на осумнаесетгодишна возраст, а оваа поетска трилогија е создадена во периодот од 2009 до 2019 година.

Тој вели дека желбата за поезија кај него постоела одамна, но никогаш не била објавена на ваков начин.

Ја имало во некои негови интервјуа и слично.

Таа се родила паралелно со неговата радиоемисија „Јас сум Цако“ на Радио МОФ, во која ги чита и своите песни.

„Така се вљубив во поезијата. Оваа книга е изработена со љубов. Тоа е и мојата инспирација да пишувам нови и нови песни. Стиховите ги посветувам на сите оние што сакаат љубов… Не е важно каква емоција имаш. Само да е емоција. Така излегуваат моите најубави песни. Како и во емисијата, така и во книгата „Јас сум Цако“ во песните се кријат емоциите и надежта за подобро утре. Моите песни носат пораката за сите љубители на пишаниот збор. Пријатели мои, бидете живи, здрави, креативни и читајте книги“, рече Цако.

Промоцијата беше збогатена со проекција на шестминутното видео „Чија е оваа песна“, снимено по сценарио на Александар Матовски-Цако, а посветено на неговата мајка, Снежана Матовска.

Таа се обрати пред присутните и ја истакна важноста на семејството во растењето и интеграцијата на лицата со попреченост.

Им се заблагодари на присутните за поддршката што му ја даваат на Цако.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ