Во Гевгелија концерт на дуото „Скупи“ со преработка на стари македонски песни

Од:

Познатото музичко дуо „Скупи“ кое го сочинуваат флејтистката Јета Старова Мехмети и виолинистот Ермаљ Мехмети утре повторно ќе музицира пред гевгеличани во малата сала на Народниот театар каде овој пат пред љубителите на класичната музика ќе се претстават со концерт на класична музика.

Концертот на присутните ќе им понуди богат репертоар од преработени стари македонски песни и ора како што се „Сношти сакав да ти дојдам„, „Не си го продавај Кољо Чифликот“, „Се посврши ербез Донка“, „Јано мори“, „Си заљубив едно моме“, „Пајдушкото оро“ и уште неколку кои секогаш ја пленат публиката.

Сите композиции што ќе бидат изведени на концертот во Гевгелија се преработени, аранжирани и напишани од Ермаљ Мехмети, според старите македонски песни.

Влезот на концертот ќе биде слободен, а настанот е подржан од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Концерт на Триото „Долче“ вечерва во Скопје

Ана Ололовска

„Оперска ноќ“ со Полина Тасева вечер во Кичево

Ана Ололовска

Концерт на гудачки квартет во Дом на култура „Илинден“ во Демир Хисар

Ана Ололовска

Свечено затворање на „Златна лира“ 2021

Ана Ололовска

Концерт на „Брастет“ вечер во кино салата во Делчево

Ана Ололовска

Пијанистката Ана Велиновска гостуваше на 100-годишниот јубилеј на најпознатиот фестивал за современа музика

Ана Ололовска