Во Галичник почнува 28. ликовна колонија

Од:

Осум уметници, двајца домашни и шест странски, ќе учествуваат на традиционалната, 28-ма ликовна колонија „Галичник 2017“, која ќе се одржува од денеска до 22 август во селото Галичник.

Ќе учествуваат уметниците Светлана Волиќ од Србија, Симон Далеманс од Белгија, Фидан Бејтулаху од Косово, Јулиа Хопкинс од Велика Британија, Рената Папишта од Босна и Херцеговина, Рок Богатај од Словенија и Ана Јовановска и Ангел Миов од Македонија.

Како што информираат организаторите, во поглед на идејната структурираност колонијата веќе осма година се движи во правец на дигиталните медиуми и медиа-уметностите па, генерално, поканетите уметници се занимаваат со фотографија, видео, инсталација, дигитална графика, звук, перформанс…

– Покрај престојот и работата во селото Галичник, кое со својата богата историја, традиција и природна убавина ќе изврши некакво влијание врз оформените уметници, авторите ќе имаат можност да посетат и некои од околните села, да ги видат прекрасните водопади во Ростуше, да го видат манастирот „Св. Јован Бигорски“, а ќе биде организирана и еднодневна посета на градот Охрид, со едни од најубавите манастири и цркви на Балканот и пошироко, истакнува Ана Франговска, претседател на Ликовната колонија во Галичник.

Би можело да ве интересира

Мечки превртуваат контејнери во Галичник барајќи храна: Жителите исплашени да не бидат нападнати

Орце Костов

Овој викенд ограничено движење со моторни возила за Галичка свадба

ВИДЕО: Се утврдуваат причините за пожарот кај Галичник

Жарко Настоски

Изгаснат пожарот во Галичник

ВИДЕО: Се расчистуваат снежни наноси на патот кон Галичник

Жарко Настоски

ФОТО: Попладневниот земјотрес оштети дел од куќите во Галичник

Катерина Ѓуровски