Во Делчево изложба на дела од Лесновската ликовна колонија

Од:

Во Спомен-дом „АСНОМ“ во Делчево вечер ќе биде отворена ликовната изложба на уметнички дела како дел од Лесновската ликовна колонија од Пробиштип. Организатор е Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“, од каде ги поканија љубителите на уметноста да присуствуваат на отворањето на изложбата.

-Во рамки на настанот, кој вечерва (29 декември 2021) ќе се одржи во фоајето на Спомен-дом „АСНОМ“, ќе биде претставена 29-тата „Лесновска ликовна колонија“, која првпат била организирана во 1992 година по својот квалитет се вбројува меѓу најпрестижните во Република Северна Македонија. Во овие изминати години, стотици врвни уметници од земјава и странство биле дел од овој уметнички настан, давајќи на убавините на лесновскиот крај, вечност во своите дела, истакнаа од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

Проектот, како што додадоа, е избран на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.

Почетокот на изложбата, како што додадоа, е закажан за 19 часот, а настанот поради мерките за заштита од Ковид-19 ќе се организира со ограничен број посетители.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“