Во Бургас првпат се одржуваат „Денови на македонската култура“

Од:

Манифестацијата „Денови на македонската култура“ ќе биде отворена денеска во бугарскиот приморски град Бургас.

Манифестацијата ќе започне со отворање на изложбата „Предизвици и насоки“ во 17 часот по локлано време, што ќе биде поставена во Центарот за култура „Море казино“ во Бургас. Изложбата е дел од проектот „Поврзување“ на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Бугарија.

Во нејзини рамки ќе се одржат и две филмски проекции, кои се предвидени на програмата за утре и в петок во 21 часот по локлано време на сцената „Полжав“.

Изложбата „Предизвици и насоки“ содржи специјално избрани уметнички дела од 12 современи автори, кои ги презентираат своите погледи и предизвици за време на пандемијата на Ковид-19 и прикажуваат до кој степен овој глобален проблем ги менува нивните начини на размислување и насоките во креативноста. Како одговор на овие прашања, сите индивидуално направија избор на свои дела и преку нив се обидоа да го претстават нашето време и нашата индивидуална уникатност.

Во изложбата се вклучени македонски уметници кои живеат и работат во Бугарија – Иво Пецов, Маријан Ѕингаров – Џин, Маријана Иванова, Перица Георгиев – Пепси, Атанас Ботев и Хари Дудески, како и на уметникот и поет Роман Кисов од Софија, кој во минатото оствари бројни соработки со македонски автори, најчесто од областа на поезијата. Со свои дела во изложбата ќе се претстават и уметниците и професори на бугарската Национална академија на уметностите, Свилен Стефанов, Росен Тошев и Георги Јанков од Софија, како и македонскиот уметник од Битола, Димитар Христов, кој живее и работи во Берлин.

Покрај уметничките дела, авторите запишаа и своите мисли во неколку реченици, како додаток на визуелниот дел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ