Во Битола второ издание на фестивалот Џез-фактори

Од:

Со настап на Молли Тролли Квартет, вечер во Битола ќе почне второтo издание на фестивалот Џез-фактори, културен настан, годинава исполнет со три програмски вечери.

Според програмата, во Битола ќе настапат и Скопје Џез Инк, Лина Авшар, реномираните Тони Китановски, Виктор Филиповски и Џоле Грујовски Квартет, Кабадајас и специјалниот гостин Теодосиј Спасов.

-Теодосиј Спасов е препознатлив како виртуоз на кавал, способен да интерпретира фолк мелодии на сопствен начин. Тоа што го прави уште повеќе популарен се неговите оригиналн идеи за чија реализација соработува со музичари од различни жанрови, информираат организаторите на Џез-фактори.

Во рамки на фестивалот, во Битола ќе се одржи и џез-работилницата со наслов „Џез фестивали, организација, вмрежување, мобилност на артисти“, на која ќе говорат уметници, гости од државата и странство.

Фестивалот Џез-фактори се одржува со поддршка на Министерството за култура, Општина Битола и НУ Народен Театар–Битола.

Би можело да ве интересира

Баги Биг Бенд со видео за Светскиот ден на џезот

Ана Ололовска

Онлајн видео концерти за Меѓународниот ден на џезот

Ана Ололовска

Во Битола вечерен Новогодишен џез концерт „Приказна за еден град“

Ана Ололовска

Квартет тромбони со концерт во Софија – „Класиката го среќава џезот“

Ана Ололовска

RADIOHEADJAZZ донесе виртуозност и уникатност!

Ана Ололовска

Концерт „RADIOHEADJAZZ!“ на Биг-Бендот на Здружението на џез-музичари

Ана Ололовска