Во Битола се одбележува Светскиот ден на џезот

Од:

Младинскиот културен центар (МКЦ) – Битола, ќе го одбележи Светскиот ден на џезот – 30 април, со концерт на саксофонистот Гоце Мицанов, едниствениот македонски музичар кој настапил заедно со светската музичка и џез легенда Реј Чарлс.

Концертот на Мицанов, Поповски, Јосифовски и Стевковски квартет во Битола се организира со поддршка на  УНЕСКО младински клуб на  МКЦ – Битола и во соработка со кафе бар Порта Џез, а ќе се одржи вечер од  21.30 часот.

– Квартетот во Битола, ќе изведе авторски џез композиции на Мицанов и на Поповски, како и модерни џез стандарди, со што публиката ќе има можност да проследи една концертна промоција во живо на она што се нарекува модерна тенденција во современиот џез или contemporary jazz. Инаку, по повод светскиот  ден на џезот, вечер се организираат концерти во над 100 држави во светот. Овој ден ги сплотува нациите и општествата прославувајќи ја уметноста на џезот, потенцирајќи ја неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство, истакна Маја Ангеловска, советник за односи со јавност во МКЦ-Битола.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов