ВИДЕО: Во Битола промовиран нов Римски пат кој води до Хераклеја Линкестис

Од:

Премиерот Зоран Заев во придружба на шефот на Делегација на ЕУ во нашата земја Дејвид Гир, министерката за култура Ирена Стефоска и градоначалничката Наташа Петровска денеска во Битола го промовираа реконструраниот Римски пат кој од градот води кон античкиот локалитет Хераклеја Линкестис.

Според премиерот Заев, со реализација на прекуграничниот проект поддржан од програмите на ЕУ, бројни посетители и туристи од земјава и светот ќе имаат соодветен пристап до споменичните вредности на Хераклеја Линкестис.

-Општина Битола како водечки партнер во проектот изврши реконструкција на стариот Римски пат до локалитетот, а од албанска страна се реконструираше постоечката стара училишна зграда во селото Глобочани во Пустец. Овој проект има значаен придонес за прекуграничната соработка во регионот и долгорочно има за цел да го зголеми квалитетот на туристичката понуда во поширокиот регионален опфат почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча. Радува фактот, рече премиерот Заев дека прекуграничната соработка продолжува и понатаму и за таа цел развиени се уште пет туристички пакети за регионот Пелагонија-Корча кои се во фаза на подготовка за промоција. Сите тие и други слични проекти се значаен придонес за заживување на овој регион кој има многу скриени убавини и кои туристите се уште не ги откриле.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир нагласи дека овој проект се смета како дел од европското културно наследство.

-Нашата поддршка е знак дека овој локалитет освен што го сметаме за културно наследство на земјата, туку и како дел од европското културно наследство, односно општото човечко културно наследство. Благодарение на нашата поддршка веруваме дека повеќе луѓе ќе уживаат во локалитетот и дека лекциите што ни ги покажува во однос на нашата поврзаност, културата и идентитетот и понатаму ќе ни помагаат да ја обликуваме заедничката иднина, посочи амбасадорот Гир.

Во проектот SmartCulture вложени се над 704.000 евра, информира градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, додавајќи дека е дел од мозаикот проекти кои локалната самоуправа ги реализира во тој град.

-Општина Битола прв пат во прекугранична соработка е лидер на проект SmartCulture кој е во висина од над 704.000 евра со кои направивме големи инфраструктурни зафати во делот на пристапот до Хераклеја реконструкција на Римскиот пат, архаично адаптиран, а променето и осветлувањето и други интевенции во локалитетот Хераклеја. Со овој проект отвораме перспективи за развој на регионот со посебен акцент на туризмот како привлечна атракција за туристите, истакна Петровска и потсети на други проекти од сферата на културата кои општината ги завршила како што се Офицерскиот дом, киното Манаки, Старата чаршија во Битола и друга поддршка на Музејот во овој град.

За време на посетата во Хераклеја Линкестис гостите имаа прилика да ги погледнат и другите знаменитости на античкиот локалитет.

Би можело да ве интересира

Стапки стари 23.000 години откриени во САД

Ана Ололовска

Во Турција откриен најстариот мозаик во светот

Ана Ололовска

По реставрацијата, Јужната гробница во Сакара достапна за јавноста

Ана Ололовска

Локалитетот Стамер прогласен за природна реткост

А1он

Фотографии од златен археолошки наод во Неготинско наскоро на изложба

А1он

Во Врбник откриени преку 500 колци, можно пронаоѓање куќи

Ана Ололовска