Во Битола премиера на музичко-сценската драма „Надеж“

Од:

Камерна опера-Битола вечер во свечената сала на НУ Завод и Музеј, премиерно ќе ја изведе музичко-сценската драма „Надеж”, чиј автор е Маја Митровска, а режисер Васко Мавровски.

Дејствието се одвива под Пелистер, со поглед кон Преспанско езеро. Сите ликови живеат во свое време, информираат од Камерна опера-Битола.

-Посебен акцент се дава на мајката која чекори низ минатото и денес, мајката која бара утеха во молитвата. Мајката со својата божествена утроба во која се создава животот. Мајката како сенка од минатото, која се јавува како привидение. И надежта која не умира, прикажана преку наивниот карактер на една млада девојка. Во музичко–сценската драма се проткаени звуци и стихови на македонски композиори и поети. Со овој проект, нагласи Ирена Ружин-менаџер и продуцент, воедно потсетуваме и одбележуваме 60 години од првата изведба на опера во Битола.

Во музичко сценската драма „Надеж“ ќе настапат актерката Јулијана Мирчевска, Марина Коруновска – мецо сопран, Маја Митровска – сопран, Александра Јанковска – пијано, деца од Театарска школа „Бабец” и Детски хор „Ѕвончиња”. Сценографијата ја изработи Владо Ѓорески, дизајн на светло Игор Мицевски, а технички соработник е Цветан Јовановски.

Во Камерна опера-Битола членуваат познати уметници, професори и ентузијасти кои се вложиле за развојот на културниот живот во Битола и оставиле незаборавни концерти и настани во поблиското и подалечното минато. Основач на Камерна опера-Битола е Академик Георги Здравев.

Би можело да ве интересира

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска